Бившата канцеларка на Германија, Ангела Меркел деновиве за Die Zeit и за Der Spiegel изјави дека, парафразирано, тие никогаш не мислеле да ги спроведат договорите од Минск со кои ќе се избегнеше оваа крвава братоубиствена војна, вели претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева.

– Се ќе се завршеше со автономија на Донбас во рамки на суверена Украина. Напротив, Меркел призна дека само сакале да „купат“ време за наоружување и обука на украинската војска. Во 2015 година (Меркел) зборуваше нешто сосема друго. Впрочем Германија и Франција беа божемни гарантори на договорите. Ова се факти. Уште цинично кажа дека се спремале за долга војна со Русија, кога веќе не успеале да и средат некаква обоена револуција, промена на режимот и распарчување на државата на 5-6 држави. Само не пресметаа дека ова не е Ирак, Либија, Сирија, Југославија… да редам? Прашувам, чии раце се крвави и дали работи тој Трибуналот?- објави Грчева на својот профил на Фејсбук.