Социјалните мрежи се полни со коментари по синоќешното пишманење за оставките на премиерот во оставка и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

– Нестабилен човек кој даде оставка пред целиот свет, па се пишмани, ќе ја стабилизирал државата. Единствено неговата партијата стабилно ќе допотоне!- коментира на Фејсбук поранешната пратеничка и лидер на партијата Глас за Македонија, проф. д-р Солза Грчева.

Синиќа, како што објавивме, партиските органи на СДСМ одлучија, а Заев прифати, оставките да бидат одложени на неопределено време „се додека Заев не ја стабилизирал земјава“.