Транспаренти со пораки против војната, против вмешаноста на Грција, но и против воените бази, рано утринава закачи на Акропол Комунистичката партија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Не за војната, никакво учество, не за базите на смртта, пишуваше на двата транспарента, на англиски и грчки јазик.

Грчкиот Парламент денеска ќе расправа за ратификација на вториот обновен и изменет Договор за одбранбена соработка меѓу Грција и САД.