По вториот круг на локалните избори следната седмица, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, како што и самиот најави, ќе побара од претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори, јави МИА од Атина.

-По вториот круг од локалните избори ќе побарам од претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори за на крај грчкиот народ да биде оној што ќе ја даде конечната одлука, рече Ципрас во неговото обраќање неколку минути пред полноќ, откако неговата партија загуби и на европските и на локалните избори.

Грчкиот премиер рече дека нема намера да избега и нема да го игнорира резултатот од изборите.

Неофицијално во Грција, како и во изминатиот период, така и сега, како можен датум за избори се споменува 30 јуни.

Опозициската Нова демократија, освен на европските, во водство е и на локалните избори во Грција, а веќе од првиот круг доби четири грчки периферии.

Од пребројани 17,77 отсто од гласовите, Нова демократија победи во регионите Централна Македонија, Западна Македонија, Епир и Тесалија, каде што нивните кандидати за префекти освоија над 50 отсто од гласовите.

Во општина Атина, со пребројани 64 проценти од гласовите, Костас Бакојанис од Нова демократија освои 42,75 отсто, а кандидатот на СИРИЗА, Насос Илиопулос 16,82 проценти. Сепак, последната битка ќе се води следната недела во вториот круг.

Втор круг ќе има и во општина Солун. Николаос Тахиаос од Нова демократија е сигурен на првата позиција со 23,06 отсто, додека пак тесна битка се води за второто место меѓу Константинос Зервас и Јоргос Орфанос, со разлика од само 0,44 проценти со пребројани 16 отсто од гласовите. Кандидатката од СИРИЗА, Катерина Нотопулу е на четвртата позиција со 13,75 процент