Гувернерот на Тексас, Грег Абот, го презеде обезбедувањето на државната граница, испраќајќи војници и полицајци на Националната гарда да се борат против трговијата со дрога и луѓе на границата со Мексико.
Операцијата „Осамена ѕвезда“ го вклучува испраќањето копнени, воздушни, морски и тактички средства за обезбедување во многу загрозените области на државната граница со Мексико, со цел да се спречат картелите и другите шверцери да внесуваат дрога во Тексас и да префрлаат илегални мигранти.
Својата стратегија за борба со оваа опасност Абот ја соопшти во саботата доцна вечерта, еден ден откако поранешниот претседател Доналд Трамп го критикуваше претседателот Џо Бајден за создавањето на „спирално цунами“ на границата, што се влошува од минута во минута.
-Кризата на нашата јужна граница продолжува да ескалира поради политиката на администрацијата на Бајден, која одбива да ја обезбеди границата и повикува на илегална имиграција, рече Абот.
„Тексас ја поддржува легалната имиграција, но тоа нема да биде соучесник во политиката на отворени граници што предизвикува, а не спречува, хуманитарна криза во нашата држава и ги загрозува животите на Тексашаните. Ние ќе ги насочиме ресурсите и силите на законот потребни за справување со кризата“, додаде тој.
-Повеќе од 100 илегални мигранти кои администрацијата на Бајден ги пушти во Тексас од крајот на јануари сега се позитивни на Ковид-19, изјави во четвртокот портпаролот на пограничниот град Браунсвил.
„На оние кои имаат позитивен тест за коронавирус, им се препорачува да останат во карантин, но градот нема овластување да ги спречи овие луѓе да патуваат каде што сакаат низ САД“, изјави портпаролот на Браунсвил, пренесе Раша Тудеј (РТ).
Наглиот раст на нелегалните премини на границата е особено изразен кај малолетни лица. Портпаролот Аксиос во четвртокот соопшти дека граничната патрола во последната недела од февруари просечно фаќала и до надлежното Министерството за здравство и социјална помош проследувала по 321 дете без придружба на ден. На почетокот на јануари, пак, пред Бајден да ја преземе функцијата претседател на САД, оваа бројка изнесуваше 47.
И покрај кризата со напојување и снабдување со струја и вода, предизвикана од зимските бури во Тексас, Абот најде време да се судри со Бајден. Тој минатиот вторник објави дека го укинува задолжителното носење заштитни маски и други ограничувања наметнати во борбата против пандемијата на коронавирус во Тексас, поттикнувајќи го Бајден да изјави: „Последното што ни треба е размислување на неандерталец“.