Новата ѕвезда на Барселона, Антоан Гризман, која пред неколку дена официјално потпиша со Каталонците, открива каква е неговата прва реакција откако дознал за трансферот.

– Кога му заѕвонив на татко ми, плачев од среќа, затоа што знаев дека сè е готово. Во овој момент бев со еден од моите пријатели, жена ми и децтаа. Беше неверојатно, изјави напаѓачот за „Марка“.

Вчера стана јасно дека екипата на Барселона ќе биде истражена од Фудбалската федерација на Шпанија. Причината е трансферот на поранешниот играч на Атлетико Мадрид.