Цели осум месеци Бугарија немаше политичка влада. Ги подгревавме очекувањата и сметам дека немаме потфрлување, истакна првиот вицепремиер Артан Груби.

Ги видовме ставовите на бугарската Влада за планот со шест месеци, но ние мислиме дека не ни се потребни шест месеци, туку само шест дена за решавање на билатералниот спор, истакна вечерва Груби во гостување на Канал 5.

Тој не е разочаран поради тоа што земјава не добила датум за преговори со Европската Унија.

– Цели осум месеци Бугарија немаше политичка влада. Ги подгревавме очекувањата и сметам дека немаме потфрлување. Ги видовте ставовите на бугарската влада за планот со шест месеци. Ние сепак мислиме дека не ни се потребни шест месеци, туку само шест дена за да седнеме и да ги решиме прашањата и да почнеме преговори со Унијата – истакна Груби.

Тој смета дека новото бугарско вето не е дебакл и дека тоа не е поради вина на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Бујар направи максимум од тоа што можеше да го направи. Најискрено да ви кажам, ние не очекувавме на 14 декември сè да биде заокружено, туку да започне процесот со новата бугарска влада – рече Груби.