Јас ја платив казната и за Али Ахмети, а сите другите сами си платија, изјави вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби.

Тој ова го откри во вчерашното гостување на ТВ 21 и рече дека функционерите на ДУИ заслужиле да бидат казнети за неносење маски на роденденската забава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Забавата, како што претходно објавивме, се одржа во објектот на неговото Министерство.

Груби освен казна за неносење маска бил казнет и од државниот инспекторат за труд со 500 евра, која како што потврди Груби, ја платил од својот џеб.

По оваа забава на социјалните мрежи имаше многу коментари, но и фотомонтажи на фотографијата што ја објави министерот Бујар Османи на неговиот профил на Фејсбук.

li