Мешовитиот медицински тим од јавното и военото здравство заминува на обука во Норвешка, а потоа и за Авганистан, објави денеска министерката Радмила Шекеринска.

– Мешовитиот тим заедно со норвешките колеги ќе бидат дел од мисијата „Одлучна поддршка“. Со Венко Филипче им посакавме среќа и успех, и безбедно да ни се вратат дома, објави Шекеринска на својот официјален профил на Фејсбук.

Станува збор за тим од Македонија кој се испраќа во воена мисија и ќе извршува задачи во Авганистан.