Четири години СДСМ е на власт, а криминалот и корупцијата се навлезени во секоја пора во општеството. Четири години СДСМ го лаже народот дека ќе се справува со криминалот и корупцијата. СДСМ потроши цел мандат на лаги и помпезно најавувани мерки од кои нема ништо.

Ова се истакнува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на Миле Талески од СДСМ. Во продолжение целото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:

СДСМ не може да се справи со криминалот и корупцијата во државата. Четири години СДСМ е на власт а криминалот и корупцијата се навлезени во секоја пора во општеството. Четири години СДСМ го лаже народот дека ќе се справува со криминалот и корупцијата. СДСМ потроши цел мандат на лаги и помпезно најавувани мерки од кои нема ништо.

СДСМ сега помпезно најавува борба со криминал а изминатите години ништо не направи на тоа поле, напротив криминалот и корупцијата со СДСМ на власт цветаат. Љупчо Николовски не може да води тело, министерство за борба со корупција бидејќи криминалот и корупцијата произлегуваат од сопствените редови. Љупчо Николовски прво да расчисти со непотизмот во сопствените редови па потоа помпезно нека најавува борба со криминал. СДСМ со години го лаже народот дека ќе се бори против криминалот и корупцијата. Целиот фокус и енергија на Љупчо Николовски и СДСМ е како мафијата на власт да се збогати уште повеќе. Љупчо Николовски кој што требаше да се бори со корупцијата е заплеткан во низа афери за кои никако да излезе и јавно да одговори. Љупчо Николовски не одговори како тоа негов братучед се вработи во време на криза во Македонска навигација.

Функционерите на СДСМ секојдневно ги злоупотребуваат сопствените позиции.

Ако Николовски и СДСМ започнуваат со расчистување на криминалот и корупцијата нека започнат прво од себе и шефот Зоран Заев. Леглото на корупцијата и криминалот е кај нив двајца.
Заев и Николовски не се борат против криминалот, Заев и Николовски го прават криминалот. Со СДСМ не може да има борба против корупцијата и криминалот со СДСМ не може да има право и правда.