Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него, откако лидерот Али Ахмети посочи дека можат да функционираат без т.н. „огнена група“ односно членовите кои бараат смена на вицепремиерот.

– Не само ДУИ, било која партија, било која институција, било кој општествен процес може без секого. Никој не е незаменлив. Но се наоѓаме во пресудни моменти, треба да дадеме придонес за да ги надминеме сите кризи и успешно реализирање на проекти, вели Груби.

Тој останува на функцијата која ја извршува и негова смена, не е најавена, и покрај барањата на т.н. „огнена група“ од скопското крило.

– Јас имам најмалку заслуги, најмногу има Али Ахмети, граѓаните и народот кој не гласал. Сите достигнувања на ДУИ го носат потписот од 2002 до 2022 година, вели Груби.

Тој е дециден и додава: „Нема раскол во ДУИ. Сите се построени позади Али Ахмети“