Апсурдно е да разговараме за употреба на правото за употреба на мајчин јазик што ни е дадено од Господ, изјави пратеникот од ДУИ Артан Груби, во вечерашното гостување во ТВ Телма.
Тој смета дека воопшто не треба да се дискутира за Законот за употреба на јазиците, бидејќи како штопотенцира, употребата на мајчиниот јазик било право дадено од Господ.
– Цел ден мислев дали да учествувам во емисијава, бидејќи сметам дека е апсудрдно да разговараме за употреба на право за употреба на мајчин јазик што ни е дадено од Господ. За каква употреба и да станува збор, особено со вас тројца Македонци. Апсурдна е реакцијата на сите македонски партии, па и медиуми, топ тема најчувствителна тема да биде Законот за јазици, за употребата на албанскиот јазик. Законот се имплементира веќе една една година, и еве Македонија постои како што си беше. Апсурдна е дебатава, посебно да разговарам тука со вас за употребата на албанскиот јазик, рече Груби.