Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија го одобрила барањето за азил на поранешниот премиер Никола Груевски, пишуваат унгарски медиуи.

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан пред неколку дена соопшти дека поранешниот македонски премиер изразил желба да аплицира за азил во унгарска амбасада надвор од Македонија. Намерата да поднесе барање за азил во Унгарија, експремиерот Никола Груевски ја изјавил во унгарска амбасада надвор од Македонија.

Барањето за екстрадиција на екс-премиерот Никола Груевски со пропратната документација треба да бидат испратени во Унгарија денеска или најдоцна утре, соопшти министерката за правда на Република Македонија, Рената Дескоска.