За автопатот Демир Капија- Смоквица чекаа 11 месеци, за да го пуштат во употреба. На крај видовме дека сакале чочек да удрат, славејќи и покажувајќи дека тие го изградиле. Се обрукаа, коментира експремиерот Никола Груевски на Фејсбук.

– За експресниот пат Штип- Радовиш чекаа точно една година за да се гради, иако ова што вчера го видовме требаше да се случи пред една година. Но, ако се случеше тогаш, како Заев ќе отидеше да се слика, на нешто што ВМРО правело 4 години подготвителни работи и активности за да може да почне градбата, прашува Груевски.

Инаку проектот „Изградба на експресен пат Штип – Радовиш”е најавен во Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ 2014 -2018 година во делот – Патна инфраструктура (стр. 53), со рок на спроведување 2017 – 2019 година.