Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф, порача поранешниот премиер Никола Груевски во новогодишната честитка.

– Среќна нова 2023 година! Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место! Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф! Бог нека е со Вас и со Македонија!- напиша Груевски во честитката на својот профил на Фејсбук.

Тој на крајот во пост скриптум додава: На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша.