Никола ГРУЕВСКИ

Во рамки на својот подолг пост во врска со денешната изјава на Зоран Верушевски дека снимките биле „компромитирани“, на крајт, екс премирот Никола Груевски, за уцените од СЈО, го наведува и следното:

„И да не се изненадите кога еден ден оние луѓе кои даваа изјави под закана и уцена, а дел од нив и лажни сведоштва под закана од СЈО, ќе си ја кажат вистината.
Оние кои на првиот распит во СЈО кажуваа дека нивен е потписот на некоја партиска донација од на пример 500 евра, па на испраќање пред вратата обвинителот тивко, небаре многу пријателски тапкајќи ги по грбот им викаше: “Ајде размислете уште малку. Имате деца…”.
Па откако ќе ги посетеа и доуплашеа некои други уценети ликови од истото СЈО, кои прифатиле да бидат “помагачи” (барем така службено ги водат во СЈО) со цел да ги изземат од обвиненијата, а кои подоцна или барем дел од нив се ребрендираа од “помагачи” во “реформатори”, ќе ги доуплашеа и следниот пат во страв и пребледени ќе дојдеа со спремна изјава различна од првата, нарачана од обвинителот, издиктирана од “помагачите” кои својот неморален однос и пресврт во нивното однесување, лажно им го оправдуваа со наводната длабока убеденост за реформи во партијата каде до “вчера” до пред “овие ренегати да ги фати СЈО на едно чувствително место“ го зборуваа спротивното. Оние истите што сега веќе прифатиле нова “мисија” па ни презентираат некаков нов македонски концепт, дека на следните генерации требало да им оставиме само држава, слобода и пари, а името, идентитетот и историјата да им ги оставиме на соседите, кои бездруго на своите граѓани ќе им остават и држава, слобода и пари. Но, и многу повеќе од тоа.“