Експлозијата во која загинаа две лица на граничниот премин меѓу Соединетите Американски Држави и Канада не е поврзана со тероризам, изјави гувернерката на државата Њујорк, Кети Хокул, јави Гласот на Америка.
– Сакам да бидам многу јасна, во овој момент нема индикации дека се работи за терористички напад, изјави гувернерката.
Во експлозијата загинаа две лица, возачот и сопатникот во автомобилот кој со огромна брзина „долета“ и експлодира на мостот која ја поврзува Канада со американската држава Њујорк.
По експлозијата, преостанатите три моста меѓу Њујорк и Онтарио беа затворени како мерка на претпазливост. Суспендирани беа и меѓународните летови на аеродромот во Бафало.