Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја отфрли можноста „граѓаните“ да го земат Антоан Гризман. Францускиот напаѓач отворено изјави дека го напушта Атлетико Мадрид, а неговата откупна клаузула е 120 милиони евра.

– Манчестер Сити нема да го земе Гризман. Не можеме да си го дозволиме. Барселона нема за што да се грижи, изјави Пеп на прес-конференција пред финалето на Купот на Англија против Ватфорд.

Каталонците ова лето се фаворити за потписот на Французинот.

Манчестер Сити и Париз Сен Жермен, исто така, се сметаат за кандидати за потпис на светскиот шампион.