Лидерот на Либиската национална армија, генералот Калифа Хафтар, под строга тајност, без да биде официјално најавено, вечерва пристигнува во Атина, според информациите во новинарските кругови во Грција, а утре напладне, според грчки владини извори ќе се сретне со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
Рано наутро, според неофицијални информации, Хафтар ќе оствари средба со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас.
Лидерот на Либиската национална армија во Атина пристигнува во пресрет на конференцијата во Берлин в недела, каде што ќе се разговара за ситуацијата во Либија, а на која Грција не е поканета да учествува.