Владата ќе продолжи да го поддржува АД ЕСМ со цел да не поскапи струјата за граѓаните, порача синоќа министерот за финансии Фатмир Бесими, коментира поранешниот министер за финансии и аналитичар, Џевдет Хајредини.

– И таа поддршка на АД ЕСМ ќе ја плаќаат граѓаните, а не Владата, објави Хајредини на Фејсбук, во врска со последните калкулации околу зголемувањето на цената на струјата и враќањето на евтината дневна тарифа.

Министерот Бесими, синоќа во емисијата Вин-вин на ТВ Телма соопшти дека во Буџетот годинава се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата од кои дел се наменети за ЕСМ.