Придавката македонски ќе може да се употребува слободно само пред зборовите криминал и корупција, гласи ироничниот коментар на поранешниот македонски министер и аналитичар Џевдет Хајредини.

Тој вака на Фејсбук ја коментира состојбата околу понудените решенија на македонско-бугарскиот спор за патот и ветото од Бугарија за Македонија во ЕУ.

И вчера Хајредини реагираше на истава тема при што изјави:

– Прашање е дали мораше и дали беше неопходно и најсоодветно, токму во време кога се решава еден од Бугарија наметнат чисто национален спор, министер за надворешни работи да биде еден Албанец и тоа по професија лекар, напиша Хајредини.