Јазикот не е гарантиран, власта на Ковачевски прифаќа Бугарија да ни ги пишува учебниците.

Ова се истакнува во денешната реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во врска со францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија.

– Власта се фали дека е гарантиран јазикот, а тој е оспоруван, додека учебниците ќе ни ги пишува Бугарија. Македонскиот јазик не е гарантиран со предлогот со кој се фали владата. Официјалниот јазик на земја кандидат за ЕУ, се признава во поглавје 34. Македонскиот јазик го нема во предлогот, и постои опасност кога ќе се отвори и затвори поглавјето 34 истиот да биде оспоруван. Со овој предлог се остава проблем и можност јазикот да биде оспорен, бидејќи тој не е гарантиран. Дополнително со предлогот историската комисија е таа која ќе може и понатаму да биде кочничар на се, доколку нешто не е по волја на Бугарија. На Бугарија едноставно и се дава право да ги пишува учебниците по историја во Македонија. Власта не обезбедува ништо. Отвора само бројни проблеми. Затоа премногу е. Потребни се избори, час побргу, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата која ја предводи Димитар Ковачевски, нејзините министри и претседателот Стево Пендаровски упорно го убедуваат македонскиот народ, исто како и пред потпишувањето на договорот со Грција, дека „јазикот, идентитетот и сл.“ се бетонирани. Но, народот веќе не им верува. Народот од вчера деноноќно е пред Владата, а власта повеќе сака да ги слуша амбасадорите отколку народот од чие име владеат.