Поранешниот министер за економија, Џевдет Хајредини открива дополнителни информации за новиот директор на АНБ, Заре Милошевски, кој Владата вчера го именуваше на оваа позиција.

Хајредини вели дека таткото на Милошевски, Урош, бил шеф на УДБА во Гостивар.

Новиот директор на АНБ, освен богатото професионално усовршување што го стекнал во странство, сигурно ќе го користи и искуството на татко му Урош, кој се памти како долгогодишен шеф на УДБА во Гостивар, каде се создаваа злогласните досиеја, што служеа за т.н. идејно-политичка диференцијација и полициска репресија на Албанците, вели Хајредини.

Хајредини за „Фокус“ објаснува дека не е случајно што токму тој е поставен за нов директор. Го спори и фактот што Милошевски на директорската позиција доаѓа од позиција на помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО, одделот во кој беше направен пропустот за издавање на државјанството на украинецот Онишченко.

Зошто Владата не почека да заврши истрагата за овој случај, да се види кој бил одговорен, па потоа да го назначи за директор, прашува Хајредини.