ХАМАС: Најмалку 42 лица загинаа во израелски напади на северот на Појасот Газа

/ 22.06.2024

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз населените места Ал-Туфа и Ал-Шати на северот на Појасот Газа, изјави денеска  Исмаил Ал-Тавабта, директор на владината канцеларија за медиуми, управувана од Хамас.

Ал Џезира, повикувајќи се на истиот извор, пренесува дека 24 Палестинци биле убиени во напад на седум куќи во Ал Шати, додека 18 Палестинци биле убиени во населеното место Ал Туфа.

Израелските медиуми објавија видео од социјалните мрежи на кое се гледаат последиците од израелскиот воздушен напад врз кампот Шати во Газа.


Од истата категорија