Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, очекува Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија, а до крајот на годинава да бидат отворени и првите поглавја.

Хан во обраќањето на дебатата „Нови перспективи за РС Македонија“ во организација на Виенскиот економски форум, кажа дека земјава е единствената во Западен Балкан која нема спорови со соседите и е политички најстабилна во регионот.

Нагласи дека С. Македонија е позитивен пример како можат да се решаваат проблемите и охрабрување за надминување и на другите спорови особено меѓу Белград и Приштина.

Еврокомесарот Хан порача дека без решавање на билатералните проблеми нема членство во ЕУ.