Неколкукратно намалени се водостоите на повеќето реки во Македонија, а сите се под просекот за ноември.

Според денешните хидролошки мерења, најдрастичен пад бележат Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун.

Нивоата, пак, на Црн Дрим кај Ложани, Црна Река кај Новаци, Струмица кај Ново Село, Крива Река кај Крива Паланка, Лепенец кај Скопје и Вардар кај Велес, се преполовени.

Состојбата на езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското нема поголеми промени.