Хрватскиот сатиричен весник Срака од Самобор на својата насловна страница објави фотомонтажа на која се прегрнати претседателката Колинда Грабар- Китаровиќ и лидерот на ХСС, Крешо Бељак.

– Тоа не е претседателката! СОА откри уште еден обид за дестабилизација на хрватската десница, пишува во текстот покрај фотографијата.

Очигледно е, како што објави Индекс, дека со насловната фотомонтажа алудирале на аферата во која се најде министерот за земјоделство Томислав Толушиќ. Покрај монтажата за Грабар-Китаровиќ и Бељак наведени се пет причини зошто тоа не е претседателката, како што СОА ги наведуваше причините зошто на фотографијата со проститутката не е министерот Толушиќ.

– Лицето на девојката на фотографијата намерно е заматено и, да нема други пропусти, невештиот набљудувач би можело да заклучи дека навистина се работи за Колинда Грабар- Китаровиќ, пишува Срака.

Пет причини зошто тоа не е Колинда:

Прво, градите: Иако бројот на градниот кош на претседателката е најстрого чувана државна тајна, оперативците на СОА ја негираат секоја можност дека станува збор од предницата на првата жена на Хрватска.

Второ, чизмите: Познато е дека претседателката носи исклучиво Зенги и тоа светнати, а на сликата се чизми од сомнително потекло, а и со дискутабилно одржувње.

Трето, саатот и раката: Саат со ликот на Мики Маус претседателката не носи повеќе од две години, туку само тој со ликот на Доналд Трамп. Освен тоа, претседателката има тешка рака, но во согласност со НАТО стандардите, редовно мачкана и одржувана.

Четврто, шалот: Претседателката, кога е веќе моќ, носи само шал на хрватската репрезентација, со потпис од сите играчи. Тоа е барем лесно да се провери.

Петто, обетките: Претседателката носи исклучиво златни обетки на кои има сликички од Здравко Мамиќ и ГПС раскрсница (на левата) и сликичка од Андреја Пленковиќ и чип со хрватската химна (на десната).