Надежите дека на Хрватска и минимален пораз од Гана во саботниот натпревар во Филаделфија би можел да ѝ биде доволен за пласман во нокаут-фазата на Светското првенство сега се сведени на минимум.
Хрватите имаат три бода и се трети во групата Л, зад Гана и Англија. Во сабота од 23 часот по македонско време Хрватска ќе игра против Гана, додека Англија ќе се соочи со Панама.
Со трите освоени бода и гол-разликата 3:5 изгледаше дека имаат добри шанси за пласман, но доколку загубат од Гана, дури и со минимални 1:0, сценариото за елиминација станува сосема реално.
Резултатите од претходната вечер дополнително ја искомплицираа ситуацијата, бидејќи речиси сè што можеше да оди на штета на Хрватска – се случи.




