Претседателот на венецуелскиот Парламент, Хуан Гуајдо се прогласи за претседател на државата   во говор пред илјадници демонстранти опозициски настоени Венецуелци кои протестираат против владата на Николас Мадуро.

Гуајдо,(35) нагласи дека земјата живее во диктатура и вети дека „официјално ќе ги преземе овластувањата на националната извршна власт како претседател на Венецуела”.

Вашингтон, Колумбија, Перу и други држави веќе соопштија дека актуелниот претседател Николас Мадуро е нелегитимен и го признаваат Конгресот како последен бастион на демократијата во државата.

Во исто време и американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Гуајдо го признава за легитимен претседател на Венецуела.