Бројот на убиени во терористички напади во светот е намален во 2018 година на најниско ниво од 2009 година благодарение на падот на насилствата на џихадистичката група ИД. Тоа го објави Меѓународниот центар за анализи на тероризам Џејнс.

Во 2018 година тие регистрирале во светот вкупно 15.321 напад на вооружени групи во кои загинале 13,483 луѓе кои не припаѓаат на тие групи, наведе во соопштение Метју Хенман директор на истражувачкиот центар.

Тоа е најнизок број регистриран од нив откако почнале со собирање податоци во 2009 година.

Бројот на напади е намален за 33,1 отсто во целата година и најнизок од 2011 година.

ИД се одговорни за 1.327 напади во кои загинале 3.151 човек и тие податоци упатуваат на пад од 71 отсто односно 51,5 отсто. Со 4.180 убиени во терористички напади, Авганистан е најопасна држава во светот.