Во групата Православни вести и патувања на Фејсбук е објавена информација дека возачот на автобус што завчера почина на Стража, бил еден од тие што ги возеле верниците на литијата во Струга, на која, учествуваа голем број на граѓани по повод празникот Св. Ѓоргија.

Во пораката за хуманитарната акција се вели:

– Почитувани, би сакал да ве замолам да се помолите за душата на братот Горан, кој вчера почина, а беше еден од возачите кои ги возеше нашите групи за Струга. Дознавме дека само тој заработувал минимално, а имал ќеркичка од две години. Почина на 37 години како што се враќавме од Струга, додека правевме пауза на Стража. Ќе се организираме самоиницијативно, па кој колку може да донира. Ќе ве известиме и за терминот кога ќе биде пред Соборна црква. Ве молам сите што сте во можност да донираме, гласи пораката.