На Првиот конгрес за мобилност, кој се одржува во Берлин во Германија, го презентирав стратешкиот План за чист воздух, со особен акцент на мерките на Владата и Градот Скопје во делот на транспортот, како и препораките од анализата Пат кон зелен транспорт, соопшти заменик министерот за екологија, Јани Макрадули.

– Посебно ги акцентирав: набавка на 40 еко автобуси, субвенции за велосипеди и е-скутери, нов закон за возила и воведување на еко налепници; субвенции за набавка на електрични и хибридни возила како субвенции за вградување на уреди во возилата кои користат нафтен или земен гас; инсталирање на полначи за електрични возила; слободен паркинг за електрични возила и ослободување на патарини за истите; бесплатен јавен превоз во деновите со зголемено загадување; временско ограничување на возилата за дистрибуција на производи; зголемена цена на паркинг во одделни области и забрана за движење на возила до Водно. Покрај тоа, ја презентирав поддршката од Владата реализирана преку ФИТР, за финансирање иновативни проекти во областа транспорт, како: гет велосипед и ЗАС Г 20, објави Макрадули на Фејсбук.

Тој и неодамна повеќе денови престојуваше во Германија за чист воздух во Скопје и во Македонија. Навистина воздухот пролетва е чист, но нема цврсти докази дали е поради залагањата на Макрадули и Владата или пак влијае природен фактор.