Претседателот на Управниот одбор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, поранешен ПУИК, Џеват Исени, со статус преку својот Фејсбук профил, ја повика власта на СДСМ на одговорност за криминалите сторени во оваа година ипол, колку што се на власт.

Исени бара од владејачката СДСМ и коалицијата прво да одговараат за криминалите, да се објават листите на функционери кој колку вработил или отпуштил, а потоа да се оди на избори.

– Јас првин сакам да има одговорност за оваа година ипол кој колку е вовлечен во криминал. Пратенициве кои го лажеа народов се да вратат што земале и никогаш повеќе да не бидат во листата на пратеници. Јавно да се објават листите за вработување кој колку вработил, кој под која заслуга авансирал со позиција. Кој од кого примил мито и отпуштање од работа, се што е дојдено на мала врата. И после ајде на избори. Инаку со овие кои на народов од кога го ставија газето на фотелја и го заборавија. Мрш – напиша Исени на Фејсбук.