Многу ценетата тибетанска печурка, повредна од злато и позната под прекарот – Хималајска вијагра, која во Азија ја сметаат за чудотворен лек, се потешко може да се најде поради климатските промени.

Луѓе во Кина и во Непал знаеле да се убијат меѓусебно поради ретката паразитска печурка што на латински се вика Ophiocordyceps sinensis. Иако нема научни докази за тоа, луѓето веруваат дека лекува се – од импотенција до рак.

– Тоа е еден од највредните биолошки производи кои на илјадиници собирачи им е клучен извор на приходи, наведуваат научници во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.

Последните децении популарнсота на таа печурка нагло се зголеми, а цените скокнаа до небо. Во Пекинг наводно за неа знаелелуѓе да платат трипати повеќе од злато. Меѓутоа, во последните години се помалку ја има. Дел сметаат дека е поради прекумерната берба, но научници наведуваат дека печурката не е само чувствителна на прекумерна берба туку и многуповеќе на климатските промени. Таа долгнавеста паразитска печурка може да се пронајде единствено на висини над 3.000 метри.

– Тоа значи дека печурките, дури и кога луѓето би намалиле берба, и понатаму би ги имало се помалку поради постоечките климатски промени, вели Кели Хопинг, шеф на студија од Универзитет во Ајдахо. За живот на таа печурка треба температура под нула и тло кое не е трајно смрзнато. – БИдејќи зимските температури вопоследните децении се значително зголемени, особено во Бутан, тоа има негативно влијание на нивната бројност, вели Хопинг.