Актуелниот германски шампион Баерн Минхен се искачи на врвот на табелата, откако попладнево го совалда Мајнц на гостински терен во дуел од 20. коло. Баварците на првата позиција ќе бидат барем до вечер, кога својот меч од оваа рунда ќе го игра досегашниот лидер Лајпциг.

Резултати на петте бундеслигашки натпревари одиграни попладнево:
Аугзбург – Вердер 2:1
Борусија Дортмунд – Унион Берлин 5:0
Фортуна Дизелдорф – Ајнтрахт Франкфурт 1:1
Хофенхајм – Баер Леверкузен 2:1
Мајнц – Баерн Минхен 1:3