Со голот на Карим Бензема постигнат во 56. минута, Реал Мадрид вечерва на домашен терен го совлада Атлетико Мадрид со 1:0.

Ова беше натпревар од 22. коло во шпанската Ла Лига.

Благодарение на оваа победа, Реал Мадрид ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на Барселона на шест бода, но Каталонците имаат натпревар помалку.

Табела: Реал Мадрид 49 бода (22 натпревара), Барселона 43 (21), Севиља 38 (21), Хетафе 36 (21), Атлетико Мадрид 36 (22),..