За време на претстојниот продолжен викенд кога се одбележуваат верските празници Задушница и Педесетница (Духовден) ќе биде забранета посетата на гробиштата на територијата на целатата држава, освен за погреби.

Според одлуката за забрана за движење што ја донесе Владата, на гробишта не смее да се оди во периодот од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот.