Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ денеска пристигна во Милано. Тој на аеродромот беше пречекан од директорот на клубот Звонимир Бобан.

Според италијанските медиуми, 38-годишниот Швеѓанец оваа сезона ќе заработи три милиони евра, а доколку договорот биде продолжен, тој ќе добие уште 4,5 до 6 милиони (вклучително и бонуси) за следната сезона.

Ибрахимовиќ играше за Милан во периодот 2010-2012 година. Негов последен клуб беше Лос Анџелес галакси, за кој во сезоната 2019 од МЛС лигата постигна 31 гол на 31 натпревар.