Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси е прогласен за најдобар плејмејкер во последните 10 години од страна на Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (ИФФХС).

Второто место го зазеде поранешниот играч за врска на Каталонците Андрес Иниеста, а најдобрите три ги затвори играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Топ 10 плејмејкери на деценијата според ИФФХС:
1. Лионел Меси (Барселона)
2. Андрес Иниеста (Висел Кобе)
3. Лука Модриќ (Реал Мадрид)
4. Кевин Де Брујн (Манчестер сити)
5. Тони Крос (Реал Мадрид)
6. Еден Азар (Реал Мадрид)
7. Нејмар (ПСЖ)
8. Месут Озил (Арсенал)
9. Андреа Пирло (поранешен играч на Јувентус)
10. Јаја Туре (без клуб).