(ОБНОВЕНО) ИГОР ЈУГ ГО ИСПРАШУВАШЕ МАНЧЕВСКИ: Видел оружје, ама требало да биде експерт за да каже какво

/ 31.08.2018

Обвинетиот Игор Југ за насилствата во Собранието од 27 април минатата година, вкрстено го испрашуваше министерот Дамјан Манчевски.

Очигледно видовте оружје, но не знаете какво, така ли е? Може тоа да биде нож, хебла, пендрак, итн.?“ ,праша обвинетиот, кој повеќе пати го преформулираше прашањето заради приговори од Обвинителството.

Не сум експерт за оружје, се работеше за оружје кое може да се стави за задниот дел од панталоните, рече Манчевски.

ИЗВОР Нетпрес

Инаку, по четири часа заврши испрашувањето од обвинителството и одбраната на сведокот Дамјан Манчевски на денешното рочиште за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.

Манчевски, одговарајќи на прашања од обвинителството, кажа дека на 27 април бил во прес-салата на Собранието заедно со Зоран Заев и други пратеници кога влегла толпата, дека видел лице со оружје и оти постојано добивале закани по живот и дека ја продале државата и дека се предавници.

Сведокот иако повеќе од два и пол часа чекаше прашања од одбраната, тој одговори само на неколку, бидејќи на поголем дел од нивните прашања приговараше обвинителката дека се директни и не се однесуваат на неговиот исказ поради што не беа дозволени.

По завршување со сведочењето на Манчевски, судијката Кацарска даде еден час пауза, нагласувајќи дека за денеска е предвидено да завршат со сослушување и на останатите тројца сведоци кои се повикани. Во текот на расправата, таа на неколку пати и укажа на одбраната при поставувањето на вкрстени прашања дека со нивниот начин на поставување прашања денешното рочиште ќе трае и до доцна навечер.

На вкрстено прашање од адвокатот Дончо Наков дали видел некој друг со оружје, Манчевски кажа дека тој ден во ходникот пред прес-салата еден од обезбедувањето на колегата Оливер Спасовски употребил оружје и испукал во воздух.

 


Од истата категорија