На годинашната прослава на 116 годишнината од Илинден и Крушевската Република на Мечкин Камен ќе говори Стево Пендаровски, кој неодамна изјави дека Гоце Делчев бил Бугарин кој се борел за самостојна Македонија.

За годинашнава прослава на годишнината се предвидени повеќе манифестации во програмата за одржувањето на традиционалните Научно-културни средби „10 дена Крушевска Република“. Манифестациите почнуваат вечерта на 31 јули во Крушево, по традиционалното пристигнување на Коњаницата пред во Крушево.

Официјално манифестацијата почнува на 1 август. Во 10 часот ќе биде посетена Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во селото Смилево и ќе бидат положени свежи цвеќиња пред споменикот на војводата Даме Груев.

Од 13 часот на 1 август во Крушево е изложбата на влашки носии, а од 18 часот е доаѓањето на Коњаницата која се движи кон Гумење кај Крушево, предводена од воениот оркестар при АРМ.

На 1 август ќе бидат положени цвеќиња пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули и на гробот на Тоше Проески, пред споменикот на Партизанските гробишта, како и во средината на криптата на Илинденските востаници.

Потоа е официјалното отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ на Гумење. На отворањето ќе се обрати претседателот на Манифестацијата, крушевскиот градоначалник Томе Христоски, а на истакнати институции и поединци ќе им се доделат плакети.

По подигањето на знамето на Крушевската Република ќе настапат Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, а отворањето на манифестацијата ќе биде означен со импровизираното стрелба од крушевското топче и со огномет.

На 2 август, на Илинден, ќе бидат положени свежи цвеќиња и почит ќе им биде оддадена на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев пред неговиот гроб во Македониумот на Гумење, на загинатите Илинденци кај месноста Слива и ќе се одржи панихида за Илинденците во црквата „Свети Никола“ во Крушево.

Од 12 часот е централното чествување на Мечкин Камен каде ќе се обрати Стево Пендаровски.

Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ до 10 август продолжува со повеќе настани: Манифестација посветена на унгарската култура на 3 август, на 4 август е манифестацијата посветена на влашката култура, а на 5 август е концертот на тенорот Влатко Груески во спомен-куѓата на Тодор Проески на Гумење.

На 6 август е целовечерникот настап на Хорот „Злата Мегленска“ на плоштадот Никола Мартиноски во Крушево. Предвидена е и тетараска претстава на театарот „Провокација“, една за младите и една за повозрасните. На 8 август е настапот на културно-уметнички друштва, а на 9-ти ќе има концерт во градскиот парк.

Манифестацијата на 10 август ќе заврши со целовечерен концерт на Викторија Лоба, а потоа и со церемонијата на спуштањето на знамето на Крушевската Република на Гумење.