Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, вечер во црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе се обрати на свеченоста по повод почетокот на манифестацијата „Илинденски марш 2018“ и ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.
Повелбата се доделува по повод 40 години од организирањето на традиционалната манифестација „Илинденски коњички марш“, за исклучителен придонес за негувањето на културното наследство и вредностите поврзани со чествувањето на Илинденското востание.
Претседателот Иванов е покровител на манифестацијата „Илинденски марш 2018“.