Повеќе мерни станици во Скопје подолг период се надвор од употреба, а во 2018-та наспроти прописите секој ден по 14 часа се горел медицински отпад во депонијата Дрисла, објави Радио Слободна Европа.

А заменик-министерот за екологија, Јани Макрадули, објави реклама за мустаќи. Дали тоа е индикатор дека доаѓа сезоната на екстремно загаден воздух во Скопје и скриена препорака до сите мажи да стават под носот, каков-таков, филтер!?

Тој денеска тврдеше дека воздухот околу ОХИС е чист. А граѓаните мора да му веруваат, штом „цел мандат“ нема резервни делови за некои од мерните станици.