Командантот на иранската Револуционерна гарда изјави дека американските бази и носачи на авиони се во досегот на иранските ракети, само еден ден откако јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Техеран, со дронови ја нападнаа најголемата саудиска рафинерија.
-Сите би требало да знаат дека сите американски бази и нивните носачи на авиони на оддалеченост од 2.000 километри од Иран се во дометот на нашите ракети, изјави генералот Амир Али Хаџизадех, пренесоа британските медиуми.
Агенцијата Тасим, исто така, го цитираше генералот кога кажа „Иран е веќе подготвен за војна“.
Претходно САД за нападите врз саудиските постројки за нафта го обвинија Иран, бидејќи ги поддржува бунтовниицте Хути кои вчера ја презедоа одговорноста за нападите со дронови.