Иран и дозволи на Индија конзуларен пристап до индиските членови на екипажот на запленетиот британски брод „Стена Имперо“, изјави иранскиот амбасадор во Британија, Хамид Беидинеџад.

– На индиската амбасада во Техеран и е дозволен конзуларен пристап, со цел да се сретнат со 16 Индијци во екипажот на запленетиот британски брод, истакна амбасадорот.

Според него, индиската амбасада во Техеран соопшти дека членовите на екипажот се мирни и не се во паника.