Талибанците соопштија дека Иран продолжува со извозот на гориво што беше запрен поради загриженоста на Техеран за безбедноста.

Иран повторно воспостави извоз на гориво во Авганистан неколку дена по барање на новата авганистанска влада, изјави ирански претставник. Цените на горивата во Авганистан се зголемија откако талибанците ја презедоа власта. Поради тоа тие побараа од Иран да ги остави границите отворени за трговија со нафта.

– Талибанците му порачаа на Иран: „Можете да продолжите да извезувате нафтени производи“, рече Хамид Хосеини, член на управниот одбор и портпарол на Синдикатот на извозници на нафта, гас и петрохемиски производи во Иран.

Како резултат на тоа, иранските царински власти ја укинаа забраната за извоз на гориво во Авганистан, која беше во сила од 5 август, поради загриженоста на Иран за безбедноста на трговијата. Хосеини, исто така, рече дека талибанците ги намалиле тарифите за увоз на гориво од Иран и другите соседни земји за 70 проценти.Американските санкции кон Иран, воведени од Доналд Трамп во 2018 година, значително го намалија иранскиот извор на нафта. Иран успеа да развие одредена трговија, најмногу поради продажбата на гориво на соседите како што е Авганистан.

Заминувањето на американските сили ја олесни одлуката на лидерите на Иран и Авганистан да тргуваат поотворено.