Ирина Шајк денеска објави атрактивна фотографија на Инстаграм и доби стотици илјади лајкови, меѓу кои и еден неочекуван.Убавата Русинка објави фотографија во костим за капење на компанијата чие е заштитно лице. Таа неодамна ја прекина четиригодишната врска со холивудскиот актер Бредли Купер.

Ирина за фотографијата доби речиси 700 илјади лајкови за еден ден, а американските медиуми забележаа дека меѓу нив и поранешниот вереник на Лејди Гага , Кристијано Карино.

 

View this post on Instagram

 

🍃 @intimissimiofficial

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on

Токму Лејди Гага се смета за одговорна за прекинот на врската меѓу Ирина и Бредли. Тој премногу се внел во улогата што ја игра со пејачката во силмот ,,Ѕвездата е родена” , што ја запоставил целосно убавата руска манекенка, со која има двегодишна ќерка.