Екипа на чистачи денеска го исчистија западниот ѕид во Ерусалим од молитвите напишани на ливчиња , што ги оставаат Евреите од целиот свет .

Секој од Евреите , кои масовно доаѓаат на светиот Ѕид на плачот мора да остават напишано ливче со молитва. Ливчињата ги вметнуваат во дупчињата меѓу камењата на ѕидот .

Овие молитви два пати годишно се вадат од ѕидот за да се ослободи место за нови ,а старите се закопуваат во близна на градот , во Малинската гора.

Како што напиша агенцијата Ројтерс на шега, сега повторно има место во ,,Божјиот инбокс”.