За полесно да се ослободите од акумулираните масти за време на празниците, можете да го пробате овој моќен детокс оброк.

Неопходни состојки: суви смокви и јаболков оцет

Направете го оброкот во вечерните часови, а пијте го наутро. Земете три суви смокви и добро избоцкајте ги со чепкалки од сите страни, а потоа ставете ги во стаклена чинија во која ќе ставите 2 децилитри јаболков оцет.

Нека стојат преку ноќ и наутро изедете ги смоквите. Не го фрлајте остатокот од оцетот туку следната ноќ во истиот оцет повторно ставете смокви подготвени на ист начина.

Тие 2 децилитра оцет користете ги 7 дена, голем дел од него ќе го впијат смоквите. Осмиот ден, земете 2 децилитри оцет и повторете ја постапката уште една недела.