Експерти од Институтот за имунологија на Сојузната медицинска-биолошка агенција направија средство, кое им овозможува на пациентите да избегнуваат гушење. Научниците истакнаа дека лекот ќе влијае на причината за болеста и нема само да се бори против симптомите.

Препаратот го поминал претклиничкиот тест. Експертите докажаа дека инхалациско користење на таа супстанција доведува до значително намалување на воспалението на бронхијалното ткиво.

Како што е објасни директорот на Институтот Муса Хаитов, супстанцијата на молекуларно ниво ја блокира синтезата на протеините „виновник” за воспалението – интерлеукин IL-4, кој го покренува процесот за развој на алергии.

Во препаратот ќе влезат две компоненти – мали некодирани молекули РНК, кои го блокираат создавањето IL-4, како и катјонски пептид, кој овозможува  супстанција да се достави во најважните клетки да се спречување на воспаление.

Раководителот на одделението за респираторна медицина на Кралскиот колеџ во Лондон професор Себастијан Џонсон изјави дека во САД и Велика Британија, препаратите, кои дејствуваат на сличен начин, се на различни нивоа од истражувањата, но дека руските научници успеале да покажат дека токму IL-4 игра централна улога во развојот на воспаление на долните дишни патишта.

Експертите сметаат дека препаратот ќе биде ефикасен за пациентите. Според професорката на Томск Државниот универзитет, лекар имунолог-алерголог Олга Фјордова, ваков лек нема никаде во светот.